Филипче: Неуморно работиме да ја подигнеме свесноста да има се помалку случаи на семејно насилство

Од:

Ковид-19 кризата ги погоди сите здравствени системи. Изолацијата за време на долгите карантини резултираа со зголемен број на семејни насилства. Секојдневно регистрираме вакви случаи во онлајн амбулантата на Клиниката за психијатрија, со што постојано го зголемуваме тимот во установата, објави денеска на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.

Заеднички во еден инклузивен процес со институциите и граѓанските организации, посочува министерот, отворивме три центри за жртви од сексуално насилство согласно Истанбулската конвенција во Скопје, Тетово и Куманово.

– Жените сакам да знаат дека има каде да се обратат и да добијат стручна помош. Тие никогаш не се сами, преку институциите тие ја имаат нашата најголема поддршка. На денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените ја испраќаме пораката дека мора неуморно да работиме да ја подигнеме свесноста вакви случаи да има се помалку, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

Во Атина отворен Центар за борба со родовото насилство и повеќекратна дискриминација

А1он

Маж ја истепал поранешната сопруга и син ја истепал мајка си

А1он

Интензивна соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

А1он

Шахпаска – Пејчиновиќ Буриќ: Преку системски политики против дискриминацијата и насилството врз жените

А1он

„Менструалната правда“ би ја чинела државата 0,08 отсто од вкупните расходи планирани за Буџетот за 2021 година

А1он