Филипче нема објаснување зошто не го разрешува директорот кој дома имал дива амбуланта, а на пациентка при породување ѝ извадил бубрег, јајник и матка

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче речиси еден месец нема објаснување зошто директорот на струшката болница Мухамед Асани е се уште на функцијата и покрај тоа што Државниот санитарен  здравствен инспекторат (ДСЗИ) утврди дека дома имал дива амбуланта во која вршел прегледи, откако пациентка го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез во струшката болница дома си заминала без бубрег, јајник и матка.

Министерот Филипче нема одговори на прашањето „зошто Асани се уште не е разрешен од функцијата директор на струшката болница и по наодот на ДСЗИ дека имал дива амбуланта и сомневањата за неколкукратна лекарска грешка?“. Министерот не одговори ниту на конкретното прашање зошто за овој случај го чека стручниот надзор за смена на директорот, нешто што не беше пракса за досегашните разрешувања директори на болници, а нема коментар ниту на прашањето дали неговото непостапување во овој случај треба да ги охрабри директорите на другите болници и тие да си отворат диви амбуланти дома.

Место одговори на овие прашања, прес службата на министерот, уште еднаш повтори дека за преземање мерки се чека стручниот надзор за случајот од Лекарската комора на Македонија.

„Во тек е стручен надзор кој го спроведува независна комисија на Лекарската комора. ДСЗИ не може да утврди стручни пропусти, тоа е во надлежност на ЛК. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ги преземе сите мерки доколку се утврдат пропусти“, кусо одговорија од Министерството за здравство на поставените прашања во врска со директорот на струката болница.

Минатиот месец откако родилката јавно проговори дека за време на царски рез и биле извадени и матка, јајник и бубрег Државниот санитарен и здравствен инспекторат направи надзор и утврди дека Асани дома имал дива гинеколошка амбуланта и му издаде решение за забрана за вршење дејност во тие простории.

„Во соработка со МВР извршен е вонреден инспекциски надзор во приватни простории во сопственост на д-р Асани при што се затекнати две простории организирани и опремени во чекална и специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство. При надзорот во просториите е затекнат медицински материјал. ДСЗИ ПО Охрид издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во наведените простории“, велат од Инспекторатот.

По службена должност, за наодите официјално бил известен и министерот за здравство, а Обвинителството, пак, со целокупна документација, е известено дека во случајот постои сомнение за сторено кривично дело.

Во јавноста се појави и уште едно семејство кое го обвинува Асани за лекарска грешка. Место со царски рез како што препорачал матичниот гинеколог оти бебето било замотано со папочната врвца, Асани направил природно породување поради што на претходно здравото бебе, по раѓањето, родителите велат дека му била констатирана церебрална парализа.

Би можело да ве интересира

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

„Ова е мојот ненасилен пораѓај“ – родилката која го изгуби бебето во битолската болница објави фотографија

А1он

Почина родилката која скокна од првиот спрат на ГАК, неколку дена по породувањето

Меџити ќе проверува каков лекарски третман имала родилката која се обиде да се убие на Гинекологија

Орце Костов