Филипче: Секојдневно има пет, шест новозаболени од морбили

Од:

Секојдневно има пет, шест новозаболени од морбили, дел од нив се пуштаат на домашно лекување, а дел се задржуваат на лекување во Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес.

– Упативме апел и до другите инфективни одделенија каде има места, да бидат подготвени и да ги хоспитализираат тие пациенти. Воедно за тоа разговаравме и со директорот на Велешката општа болница. Нема начелно зголемување на бројот на случаи. Се уште расте бројот на вакцинираните деца и возрасни што е за поздравување и искрено се надевам дека оваа тенденција и понатаму ќе продолжи за епидемијата да заврши во што е можно пократко време, потенцира министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

Овчарите бараат итна вакцинација против сипаници и повисоки обесштетувања

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он