АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека е континуирано на терен, дека ја следи состојбата со сипаниците кај овците и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки. Во однос на можната вакцинација, информира дека е доставена информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција.

-Експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни, наведува АХВ во одговорот до медиумите по прес-конференцијата на Сојузот на одледувачите на овци кој утрово пред Владата алармираше за ситуацијата со сипаниците.

Агенцијата за храна и ветеринарство вели и дека преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење активности од јавен карактер, добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта.

-По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување, се нагласува во соопштението.

Одгледувачите денеска уште еднаш побараа итна вакцинација на овците против сипаници и повисоко обесштетување.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

Овчарите бараат итна вакцинација против сипаници и повисоки обесштетувања