Филипче нема да поднесе оставка, ако со овие мерки се зголеми бројот на заразени по Нова Година

Од:

„Оставка на министерот Венко Филипче не доаѓа предвид“, велат од Министерството за здравство, на прашањето дали министерот ќе понесе одговорност ако денеска предложените мерки на Комисијата за заразни болести не вродат плод, односно наредниот месец повторно почне да се зголемува бројот на заразени и починати лица како последица на Ковид-19.

Од Министерството за здравство велат дека министерот и целиот тим се посветени, добро организирани и во целост добро одговараат на предизвиците со коронавирусот.

„Вирусот е непредвидлив и подмолен, сите земји во светот се соочуваат со истиот предизвик – менаџирање на болничките капацитети, недостаток на болнички кревети и медицински персонал. Ниту еден здравствен систем во светот се нема подготвувано за битка со оваа пандемија. Министерот за здравство борбата со ковид ја менаџира во рамки на еден систем кој со децении наназад бил уништуван. Иако притисокот врз болниците и медицинските работници е голем, Филипче, со дирекотрите на Клиниките – ковид центрите успешно се справуваат со напливот на пациенти во болниците, обезбедување кревети за хоспитализација, како и мобилизација на целиот кадар кој што е на располагање, кој може да волонтира или пак да се приклучи за грижа на ковид пациентите. Досега многу предивидувања за вирусот на свестко ниво не се оствариле, за жал во оваа состојба вирусот сигурно ќе опстане, секој еден од нас е во ризик, затоа мерките кои даваат резултати мора да се почитуваат“, велат од Министерството.

Комисијата денеска предложи од овој петок па до 21 јануари угостителските објекти да затвораат во 18 часот наместо во 21 часот, а хотелските ресторани во 21 часот. Од Комисијата апелираат да нема групирања по домовите, да нема прослави на работните места и да се забрани групирање на плоштадите за прослава на Новата година. Во сила останува забраната за собири на јавни места.

Од Министерството за здравство велат дека овие мерки ги темелеле врз основа на епидемилошки анализи, анализи на состојба на капацитетите на болниците како и бројот на нови позитивни случаи „кој изминатиов период во континуитет е прилично еднаков, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува околу 1“.

„Мерките кои ги препорачува Комисијата се со цел минимизирање на ризикот од понатамошно ширење на корона вирусот, но во која насока ќе се движиме зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Не постои човек кој не знае како да се заштити себе си или другите, препораките на Комисијата се да се почитуваат и секој од нас да има волја да придонесе во битката со вирусот“, велат од Министерството.

Во однос на работењето на казината, од Министерството велат дека мерките кои важат за сите угостителски објекти, ќе важат и за овие економски оператори.

„Препорака на Комисијата е секаде, каде што се служи храна и пијалоци, работното време да е до 18 часот, во период од 18 декември до 21 јануари. Исклучок на оваа мерка се хотелите каде најдоцна до 21 часот, може да се служи храна за гостите кои уплатиле аранжман, односно терминот за вечера да биде најдоцна до 21 часот“.

Би можело да ве интересира

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

СДСМ на локалните избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно

ВИДЕО: Смената на државниот обвинител е упад и не е никаква реформа на правосудниот систем, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага сет мерки за цените на храната, ограничувањето на маржите, според нив, е задоцнета мерка

Петрушевски: Филипче во целосна одбрана на политиките на Заев – Се што направил тој, би го направил и Венко