Филипче: Не се планираат рестрикции од понеделник

Од:

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче не најави продолжување на полицискиот час, но сепак остави резерва одлуката до недела да се смени. Сегашните мерки, карантинот за Скопје, Куманово, Тетово и Штип и полицискиот час за сите останати градови истекуваат во понеделник во пет часот.

„Засега никакви рестриктивни мерки не се планираат од понеделник, но сепак ќе почекаме до недела“, рече министерот Филипче и најави дека ќе ги анализираат новите случаи и во текот на викендот.

Тој уверува дека здравствените власти успешно се справиле и со овој, втор по ред, бран на новозаболени од коронавирусот. Тврди дека и денешната бројка од 180 нови случаи е во рамки на познатите кластери кои покажуваат дека позитивни на вирусот се 15 семејства. Бројките, како што вели министерот Филипче, биле големи затоа што сега ги тестираат контактите на позитивните случаи за разлика од претходно кога тие беа само ставани во изолација а се тестираа само оние што пројавуваа симптоми.

„Сега ги тестираме и контактите за да ги откриеме и астимптоматските носители. Деведесет отсто од случите се асимптоматски носители на вирусот кои и не биле свесни дека го имаат“, рече министерот Филипче.
Асимптоматските носители на вирусот и големиот број заболени со лесна клиничка слика министерот тврди дека укажуваат на слабеење на вирулентноста на вирусот.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси