Филипче: Не размислуваме за изборниот процес, справувањето со коронавирусот е поважен приоритет

Од:

Не калкулираме со партиски собири или почеток на кампања. Имаме децидна забрана за собири со над 1.000 лица, рече министерот Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дали ќе има забрана собири на конгреси и средби со граѓани, бидејќи забраната се совпаѓа со почетокот на изборната кампањата за предвремените парламентарните избори.

„За сите настани кои се организираат со лица помала од оваа бројка има препорака. Не размислуваме за изборниот процес , ова се епидемиолошки индикации зошто и како треба да важат овие мерки. Доколку има потреба, мерките ќе се продолжат, ова е врвен приоритет на земјава во овој момент“ рече министерот за здравство, Филипче.

Ова се однесува и на настаните кои ги организираат невладините организации и здруженија.

Филипче повика до организаторите да се воздржат од вакви настани каде што ќе има масовни групи на луѓе. Воедно, до родителите на децата порача да не се носат по игротеки и вистински да ја почитуваат препораката за заштита на децата од било какви собири.

Тој рече дека засега нема точна информација на децата кои се во домашна изолација. Покрај ова како една од сет мерките е и воздржување од патување надвор од државата особено во земјите кои се зафатени со корона вирусот како што се Италија, Германија и Франција.

Министерот вели дека засега нема забрана за излез од државата кон кризните подрачја, но им порача на граѓаните да не патуваат во земјите зафатени од коронавирусот.

Во моментов има над 100 лица кои се во изолација претежно оние кои биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни