Филипче: Најважно е пикот на коронавирусот да не дојде нагло, за да не се направат проблеми во здравствениот систем

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција ги потврди информациите дека има пет нови случаи на заразени од коронавирус од кои четворица се од Дебар, а една пациентка е од Скопје. Со ова, вкупната бројка заболени од Ковид – 19 се искачи на 31.

„Позитивен е тестот на утрово дијагностицираниот пациент, сопруга на пациентот кој претходно се тестираше и во Жан Митрев таа ќе биде хоспитализирана на Инфективната клиника. Другите четворица се од приватна здравствена установа во Дебар, дел се само носители, позитивни, кои веројатно ќе ја развијат болеста“, рече Филипче.

Тој додаде дека од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија, освен епидемиологот и тројцата инфектолози кои ќе вршат скрининг, третман, домашни визити и слично.

Филипче се осврна на важноста на здравствените работници во оваа ситуација.

„Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонирани, но ние мораме да правиме се за да ги заштиме, мораме да обезбедиме одржлив и стабилен здрав систем за сите. Нема да има оправдување за никој кој не се придржува до мерките, затоа што од тоа зависи јавното здравје. Тие здравствени работници имаат семејства, се жртвувале во текот на животот, се едуцирале за да им помагаат на нашите граѓани. Нивниот трудот, напор и улогата е непроценлива. Затоа, мора да водиме грижа за сите нас“.

Тој вели дека е најважно пикот на вирусот да не дојде нагло, како што тоа се случило во други земји.

„Ние очекуваме да биде благ, за да не дојдеме до ситуација здравствениот систем поблаго да ги примени мерките. Колку пикот дојде поостро, толку поголеми проблеми прави во здравствениот систем“, рече Филипче и ги повтори апелите до граѓаните да останат дома и да се држат до препорачаните мерки.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски