Филипче: Набавката на лекови за малигни заболувања ќе се централизира, рекорден буџет за осигурениците на ФЗОМ

Од:

Најскапата онколошка терапија со години наназад ја набавуваат четири клиники. Со тој дисперзиран начин на набавка тендерските постапки траат многу долго, а пациентите многу често се соочени со недостиг на лекови и многу често станува збор за условни буџети од Фондот за здравствено осигурување. Наместо 15 до 20 набавки во текот на годината, како што беше досега, планираме набавката да ја централизираме и да ја направиме за две години и на тој начин да го направиме системот поефикасен во смисла на тоа буџетот да биде еден, набавката да биде една, а добро се испланирани и бројот на пациенти и количините кои требаат од секои од овие нови лекови. Ова денеска на прес-конференција во Министерството за здравство го истакна ресорниот министер Венко Филипче, кој рече дека главен бенефит е дека за истата сума на пари, што во моментов изнесува 8,5 милиони евра годишно, односно 17 милиони евра, за две години ќе воведат 40 нови лекови за пациентите со малигни заболувања.

-За карцином на бели дробови ќе има нова терапија за десет пациенти, за карцином на дојка нова терапија за 200 пациенти, за меланом кој е метастазиран ќе има нова иновативна комбинирана терапија за 40 пациенти, за колоректален карцином ќе има три нови лекови, а ќе има и нови лекови за карцином на бубрег и на хепар. Ќе има значајно зголемување на лековите за мултиплекс склероза кои се даваат на Клиниката за неврологија односно од вкупниот број пациенти кој изнесува 430 дел се на прволиниска, дел на второлиниска терапија, ние даваме нова најсовремена терапија за 30 пациенти. Околу 60 пациенти со лимфом ќе добијат нова најсовремена терапија, а ќе има и нова терапија за 40 пациенти со ревматоиден артрит, истакна Филипче.

Посочи дека сето ова го прават за новата и современа терапија да ја доближат до пациентите да не лутаат, да не чекаат, да не е врзано со никакви долги постапки бидејќи увидовме дека дисперзираниот начин не е добар начин на планирање. Додаде дека ќе продолжат да инвестираат и следната година не само во платите и во новата терапија, туку и во инфраструктурата и изрази верување дека на крајот на 2019 ќе ги удрат темелите на новиот клинички центар, како и на новата градска болница на местото Мајчин дом.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Ден Дончев рече дека во 2019 година осигурениците на Фондот ќе добијат рекорден буџет од 30 милијарди и 792 милиона денари односно над 500 милиони евра. Рекорден износ од 16,5 милијарди денари Фондот одвоил за јавните здравствени устанвои.

-Нови наменски средства ќе добијат универзитетските клиники за онкологија, хематологија, неврологија и ревматологија. Наменски условен буџет од преку милион евра одвоивме за клиниките за хематологија и имунологија за 14 трансплантации на коскена срцевина од несроден дарител. Наменски одвојуваме над 10 милиони денари за Клиниката за гастроентерохепатологија за билолошка терапија на кронова болест. Над 30 милиони условен буџет ќе бидат одвоени за Детската клиника за набавка на фактор 8 за лица заболени од хемофилија, рече Дончев.

Нагласи дека за Клиниката за кардиологија за набавка и вградување нови дополнителни 1.000 стентови ќе бидат одвоени 20 милиони денари, 30 милиони денари ќе бидат одвоени за Институтот за трансфузиона медицина, за ПЕТ-Центарот ќе бидат обезбедени нови 25 милиони денари, а за пациентите со дијабетична ретинопатија првпат ќе бидат одвоени над осум милиони денари за Клиниката за очни болести за препарат со премиум квалитет.

-Над три милијарди и 180 милиони денари одвојуваме за матичните лекари. Тука се вклучени нови 30 милиони денари за зголемување на капитацијата на гинеколозите. Три милијарди и 50 милиони денари ќе бидат одвоени за мрежата на аптеки за дистрибуција на лекови кои се на товар на Фондот, а над 530 милиони денари се одвоени за ортопедски помагала. Фондот одвои два милиона евра за почеток на проектот „Интегриран информационен здравствен систем“ со кој целосно ќе бидат дигатилизирани финансиските и медицинските процеси во здравстениот систем, додаде Дончев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата