(ВИДЕО) Филипче: Можно е одземање на дозволата на „Македонија лек“ поради погрешните датуми на вакцините

Од:

Министерството за здравство ја разгледува можноста за одземање на дозволата за увоз на лекови на „Македонија лек“, за раскинување на веќе потпишаните договори со оваа фирма, или пак можноста да и се изрече забрана за увоз доколу се утврди дека направената грешка можела да се превенира.

Министерот за здравство, Венко Филипче и денеска уверуваше дека вакцините против малите сипаници се исправни и квалитетни, а рокот е валиден.

„Случајот сѐ уште се испитува. Ги разгледуваме сите можности што се законски предвидени во вакви случаи. Тоа значи дека се разгледува можноста за одземање на дозволата, вклучително и раскинување на веќе потпишаните договори. Ако утврдиме дека пропустот можел да се превенира, ќе го санкционираме. Контролите се во тек и побарав лично да ме информираат за сите контроли. Во ек на епидемија сакам да верувам дека се работи за техничка грешка“, рече Филипче и додаде дека Министерството работи за враќање на довербата кај пациентите во здравствениот систем.

Министерот соопшти дека минатата година имало 65 случаи на морбили, податок што го оцени како алармантна бројка, пришто заклучи дека прогласувањето на епидемијата е оправдано. Во однос на декларациите на дел од вакцините со поминат рок, тој рече дека само еден процент од нарачката бил со декларација со постар датум од вистинскиот.

На прес-конференцијата, се обрати и Директорот на директорот на МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, кој кусо кажа дека работат на сучајот со погрешните датуми. Уверуваше дека се работи за исправна вакцина, но погрешна налепница и најави дека ќе постапат согласно законот.

Денеска беше соопштено и за појавата на четири нови слуачи на морбили, кај две деца и двајца возрасни. Се работи за 18 месечно бебе кое посетувало градинка во Чаир и уште едно дете од населбата Јане Сандански на 4-годишна возраст, кои не биле вакцинирани. Двајца возрасни имаат 30 и 28 години, а едниот од нив примил дел од вакцините.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски