Филипче: Луѓето секако ќе заминеа во туристичките места, нема начин да ги спречиме

Од:

„Луѓето секако ќе заминеме во туристичките места. Ние не можеме да ги спречиме, важно е само тие да се придржуваат до мерките“, вели министерот за здравство Венко Филипче, откако голем број граѓани го напуштија Скопје за време на полицискиот час и заминаа во туристичките места.

„Ќе има и други викенди, луѓето ќе патуваат, ние тоа не можеме да го спречиме. Времето ќе се станува поубаво, доаѓаат летни одмори, нормално е да се зголеми фреквенцијата. Но, важно е да се одржува дистанцата и да се носат маски“, вели Филипче.

Тој смета дека бројката на новозаразени само како бројка не значи ништо, туку предвид треба да се земат и други параметри.

„Не е само бројката во прашање, ако не се знае како се пристапува и зошто се прават тие тестирања. Кога видовме дека има асимптоматски носители, малку поинтензивно пристапивме кон тестирање. Ако 90 проценти од новите случаи се асимптоматски, другото сценарио би била да се стават во изолација и да прекинеме со тестирања и така бројката би била пониска“, рече Филипче додавајќи дека во овој момент е важно фокусот да се стави на нашата земја, без да се мисли на отворањето на границите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он