Филипче: Лабораториите работат во три смени, се бара решение за повеќе термини

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека лабораториите во земјава се оптоварени од налетот на есенскиот бран на епидемијата на Ковид-19 и дека тие работат со полн капацитет и во три смени, додека здравствените власти бараат решение за отворање на повеќе термини.

„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата,“ напиша вечерва Филипче на својата страница на Фејсбук.

Денеска во Македонија беа регистрирани 518 нови случаи на пациенти заразени со коронавирус, од направени 2.367 тестирања. Од компликации поврзани со Ковид-19 починаа уште девет лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 883.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник