Филипче ќе се вакцинира утре точно напладне

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре, петок (07.05.2021) во 12:00 часот, ќе ја прими вакцината против коронавирусот на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, информираа од Министерството за здравство.

И Филипче, како и премиерот Зоран Заев, кој денеска ја прими првата доза од вакцината „Синофарм“, се одлучи за имунизација со кинеската вакцина.

На почетокот на кампањата за вакцинацијаа, премиерот и министерот изјавуваа дека ќе се вакцинираат меѓу првите, за да дадат личен пример и да ги охрабрат граѓаните.

Сепак, пред нив, заклучно со денес, се вакцинираа сите пратеници и вработени во Собранието, припадници на МВР, армијата, вработени во државната управа… вкупно околу 100.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар