Филипче: И после пикот, коронавирусот ќе постои – ќе треба посебна поставеност на здравствениот систем

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имал видео разговор со американската амбасадорка Кејт Брнс и состанок организиран од СЗО за тоа како и после пикот ќе се организираат здравствените системи во државите и да се испланираат капацитетите на болниците.

„Заеднички е заклучокот дека оваа болест и после пикот на пациенти ќе продолжи да постои и нема да можеме целосно да ја елиминираме и веројатно ќе мора да има посебни делови од здравствениот систем посветени на пациенти кои ќе бидат позитивни на Ковид 19 и на пациенти кои нема да бидат, а се со цел да се испланираат капацитетите. Посебно во периодот на есен или зима кога веројатно сите земји ќе се соочаат освен соодветен број пациенти заразени со Ковид вирусот и на пациенти со сезонски грип. Ќе треба да се направи сериозна анализа и поставеност на здравствениот систем“, рече министерот за здравство.

Токму затоа, според Филипче, е неопходно активирањето и вклучувањето на матичните лекари, за пациентите да се задржат на примарно ниво, а болничките капацитети бидат слободни доколку биде потребна хоспитализација на пациенти со Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски