Филипче: И децата без здравствено осигурување или матичен лекар ќе може да се вакцинираат

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил објави дека родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да го проверат статусот на неговото евидентирање, односно дали детето е осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување.

Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, посочува министерот, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинацијата на деца.

Како што денеска информираше Филипче, сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата ќе биде отворен од денеска до четврток.

-Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб-страницата, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе започне в петок. Во системот „Мој термин“ веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12 до 16 години) кои сакаат да се вакцинираат, информираше Филипче.

Би можело да ве интересира

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски