18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Од:

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ ги објави имињата и возраста на 18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред речиси 22 месеци.

Весникот наведува дека податоците се земени од Министерството за здравство на Газа, кое го води милитантната група Хамас, врз основа на записи од болници и мртовечници во окупираната палестинска енклава, како и со проверки со семејствата на жртвите и сигурни медиумски извори.

Израел изјави дека Министерството за здравство на Газа е гранка на Хамас која шири пропаганда на која не може да се верува, без да обезбеди алтернативни бројки за палестинските деца убиени во Газа.

„Некои беа убиени во своите кревети. Други додека си играа. Многумина беа погребани пред да научат да одат. Според УНИЦЕФ, Газа е најопасното место во светот за децата“, пишува „Вашингтон пост“, наведувајќи дека списокот вклучува деца до 17 години.

Би можело да ве интересира

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестински доктор од Газа тврди дека бил мачен во израелски затвор

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Хамас одлучи да ја распушти владата по 20 години на власт

Камерман на Ал Џезира убиен во израелски воздушен напад

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски