Филипче: Епидемијата спласнува, од следната недела почнува олабавување на мерките

Од:

Дел од компаниите се враќаат на работа од следната недела. За нив веќе се изготвени протоколи за новиот начин на работење со почитување на мерки за заштита од коронавирусот, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека до крајот на оваа недела Комисијата за заразни болести ќе ги изготви протоколите за работа на сите компании и институции кои сега се затворени.

„Очигледно е дека бројките на пациенти се намалуваат, епидемијата спласнува и тоа особено не радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа субјектите кои се сега затворени. Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои што се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови. Верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе можат да се применуваат“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека Комисијата за заразни болести утрово разговарала за отворање на градинките кои чие повторно отворање мора да го следи олабавувањето на мерките. За нив ќе има посебен протокол за работа со оглед на тоа што постои ризик децата да бидат во трансмисија на коронавируост.

Министерот денес уште еднаш објасни дека досега Комисијата за заразни болести не разговарала за можен термин за изборите и нагласи дека одлуките не ги донесува под политички притисок или политички интерес.

„Комисијата ќе препорача дали и кога ќе има услови за избори. Кога и да се одржат ќе мора да бидат според строг протокол од Комисијата. Нема да дозволиме било каква организација која ќе го загрози успешното менаџирање на оваа криза“, рече министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он