Филипче: Болеста не можеме да ја искорениме, можно е лицата над 65 години да добијат забрана за излегување до крајот на годината

Од:

Доколку се утврди дека возрасното население нема имунитет на коронавирусот, можно е мерките за ограничено движење за нив да траат до крајот на годината, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Серолошките тестирања кои треба да го покажат стекнатиот имунитет на населението се планира да бидат направени во текот на летото.

„Планот е да го направиме веднаш по попуштањето на мерките или некаде на лето со цел да го процениме имунитетот на пример на возрасните над 65 години, на децата во школска возраст или на работоспособното население. Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста. Дали тоа ќе биде наесен или не, ќе ја следиме епидемиолошката крива. Врз основа на резултатите од тестирањето ќе дадеме мислење на пример за тоа како треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се утврди дека нема имунитет повозрасното население над 65 години може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време, до крајот на годината. Тоа ќе ни биде еден од показателите“, рече министерот Филипче.

Тој вечерва извести и дека генерален заклучок на земјите членки на Светската здравствена организација по денешниот состанок на кој и тој присуствувал, бил дека коронавирусот не може да се уништи и дека ќе остане активен и по пикот во секоја земја одделно. Токму затоа потребно е ново организирање на здравствениот систем со целосно одвоени делови кои ќе бидат наменети само за третирање на пациенти заразени со Ковид.

„Заеднички е заклучокот и ставот дека оваа болест и после пикот на бројот на пациенти во секоја од државите одделно ќе продолжи да постои нема да можеме целосно да ја елиминираме, за жал. Веројатно дека ќе има потреба да има посебни делови на здравствениот систем посветени на пациенти кои ќе бидат Ковид позитивни и пациенти кои нема да бидат позитивни на овој вирус. Ова е со цел да се испланираат капацитетите посебно гледајќи перспективно во периодот наесен, и зимата која што доаѓа кога сите земји ќе се соочат со одреден број на пациенти заразени од вирусот Ковид и со пациенти од сезонскиот грип. Заради тоа треба да се направи една сериозна анализа за поставеноста здравствениот систем“, рече министерот Филипче.

Еден од главните заклучоци одел во насока на целосно активирање и уште поголемо вклучување на матичните лекари со цел пациентите што повеќе да се задржат на примарно ниво за болничките капацитети да бидат слободни доколку има потреба од хоспитализација на пациенти позитивни на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани

Горан Наумовски