Филипче: Ако не се почитуваат мерките по неколку месеци повторно ќе бидеме соочени со воведување нови рестрикции

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките, бидејќи ако тоа не биде така, агонијата со вирусот ќе продолжи, а по неколку месеци, повторно ќе мора да се воведат рестриктивните мерки.

„Сега по три месеци ние на некој начин сме на една раскрсница, дали да продолжиме постепено да го враќаме животот во нормала, да се отвораат и угостителските објекти, бизнисите, постепено и границите, а притоа, граѓаните да ги почитуваат сите мерки кои што се пропишани од Комисијата за заразни болести. Или ако тие мерки не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи понатаму, па по неколку месеци повторно да бидеме соочени со предизвик да воведуваме рестриктивни мерки“, рече Филипче.

Тој кажа дека сите граѓани се одговорни, мерките за носење на заштитни маски, дезинфицирање, дистанца, мора да се почитуваат бидејќи вирусот е тука.

„За жал до овој момент многу граѓани беа жртва и во ризик од граѓани кои овие мерки не ги почитуваа. Ние практично три месеци се справуваме со коронавирусот, неколку пати кажавме дека првата битка е добиена, но борбата ќе трае, ќе мораме да научиме да живееме со вирусот, но мора да се заштитиме. Сакам да кажам дека целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Очигледно е дека вирусот е тука и ќе биде тука, веројатно ќе чекаме вакцина и колективен имунитет, иако е тоа далеку. Да се почитуваат сите мерки, да се носат маските, да се дезинфицираат рацете, да се мијат. Сите сме одговорни“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформи нема, Македонија губи време, власта врши притисок на судството

Катерина Ѓуровски

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време