Филе во Њујорк на средба со Нимиц

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска во Њујорк треба да се сретне со посредникот на Обединетите нации за грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц.

На помалку од еден месец до лиферувањето на најновиот прогрес-извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, Филе се среќава со медијаторот со намера да се увери дали навистина е дотолку заглавен спорот, како што се разбра од последната прес-конференција на Нимиц во Скопје.

Од Европската комисија не соопштуваат дали еврокомесарот за проширување и посредникот на ОН ќе разговараат за можен нов предлог за решавање на спорот за името. Намерата на Филе е да „опипа пулс” со цел да знае дали на 16-ти октомври (кога ќе го лиферува извештајот за Македонија), како и лани да предожи нешто слично во однос на тоа земјата да ги почне преговорите за членство со решавање на наметнатиот спор од Грција во раната фаза од преговорите.

Нимиц при неодманешната посета на Скопје откри дека Грците не отстапуваат од тврдите позиции за име за севкупна употреба за Република Македонија (со промена и на Уставот) и да не се впишат македонскиот народ и јазик како државни на земјата. Тоа се протолкува како пат-позиција во однос на спорот за името, што на Европската унија најмалку и одговара, со оглед на тоа што Македонија е девет години земја-кандидат, а четири години по ред добива позитивни препораки да ги започне пристапните преговори, но поради блокадите од Грција на Европскиот совет, тоа не е можно.

Во Њујорк синоќа се одржа средба на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој ја предводи грчката делегација на годинашното Генерално Собрание на Светската организација.

Според кусото соопштение од кабинетот на Бан, спорот за името бил водечка тема на разговорите.

– Соговорниците разменија мислења за перспективите за решавање на спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, вклучително и исходите од неодамнешната посета на личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц, пишува во соопштението.

Засега не е најавено дали во Њујорк ќе има средба меѓу претставници на македонската и на грчката делегација. Македонската делегација ќе ја предводи претседателот на Владата Никола Груевски, а во неа е и министерот за надвошрени работи Никола Попоски.

Нема потврдени средби ниту со посредникот во разговорите, Метју Нимиц.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски