Филе: Во Македонија националистичката реторика се менува со европска агенда

Од:

„Гледам менување на извесни работи во Македонија и оти дел од нациналистичката реторика е заменета со европската агенда. Верувам дека во Атина би требало да биде забележано дека постојат напори во ПЈРМ и оти тоа ќе се рефлектира во барањето решение за прашањето за името“, изјави за Радио Слободна Европа еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Филе се надева дека до крајот на годинава ќе биде најдено решение во спорот со името.

„Се надевам дека има волја кај двете страни, бидејќи постои разбирање дека процесот е под некои услови кои треба да се исполнат за земјата да ги почне преговорите кои се препорачани од Европската комисија. Во исто време консезусот меѓу земјите членки што е постигнат за ова прашање не може да продолжи засекогаш“, вели еврокомесарот.

Филе ги охрабри политичарите во Скопје и во Атина да бидат способни да ја направат вистинската работа и да постигнат решение.

„Тоа не значи дека ние седиме со скрстени раце. Им држам палци на политичарите да бидат храбри и посветени да постигнат такво компромисно решение“, вели Филе.

Тој изразува импресионираност во врска со дијалогот на виско ниво меѓу Скопје и Брисел.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски