Филе в петок ќе присуствува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите на ПСЈИЕ во Охрид

Од:

Комесарот за проширувањето на Европската унија, Штефан Филе наместо в сабота на претседателскиот Самит, ќе дојде во Македонија в петок за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи од Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што потврди Петер Стано, портпарол на Филе, првиот човек за проширување на Унијата на 31. мај ќе пристигне на состанокот на министрите во Охрид и вечерта веднаш ќе се врати назад во Брисел. Она што се очекува е Филе да им се обрати на присутните шефови на дипломатиите на државите од Југоисточна Европа и притоа да побара од нив тесно да соработуваат во овозможувањето на останатите држави од регионот да и се приклучат на ЕУ.

По завршување на состанокот, тој, и покрај очекувањата, нема поради обврски да остане во Охрид за Самитот на претседателите на земјите од ПСЈИЕ што ќе се одржи в сабота.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија