Филе: Пристапните преговори може да почнат и без решен спор за името

Од:

Македонија следната година може да ги започне преговорите за присоединување кон Европската унија и без да биде решен долгогодишниот спор за името со соседна Грција, смета еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

– Од Скопје и Атина доаѓаат позитивни сигнали кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следи по започнувањето на пристапните преговори, а не да биде предуслов за нивно започнување, рече денеска Филе во интервју за агенцијата Ројтерс.

Според еврокомесарот, бесконечното држење на Македонија во чекалната на ЕУ создава ризик од појавување на меѓуетнички тензии.

– Цврсто веруваме дека во раната фаза на преговорите може да се создаде неопходниот импулс не само за разговори за проблемот за името, туку и за негово конечно решавање, рече Филе.

Европската комисија, додаде, сосема јасно кажува дека доколку решавањето на проблемот за името не се случи во раната фаза од преговорите може да доведе до забавување на преговорите за членство во Унијата и во краен случај и до прекинување на процесот на преговори.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски