А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филе: Опасно е да се верува дека може да се оди напред, без да се реши името

by А1он21/09/2012 - 13:2609/04/2013 - 00:50206
Share0

Многу опасен концепт е да се верува дека може да се оди напред кон преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, а при тоа прашањето за спорот за името да се остави за на крајот од преговорите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова, во интервју за Радио Слободна Европа го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој смета дека е наивно да се верува дека Македонија ќе започне преговори без решен спор за името.

„Како прво, знам дека можноста да се чува или остави тешкото прашања за на крајот на процесот не е реално. Да се верува дека ќе се оди напред и кога сè е направено, ние тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Сè наредно е до членовите на Унијата, не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, би ги намалил очекувањата тука.

– Членките на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи. Ние уште не сме ги направиле првите чекори, ние уште не сме го усвоиле извештајот за напредокот, таму е важната препорака. Јас очекувам дека членките на ЕУ во декември ќе дејствуваат по неа, јас многу се надевам дека ќе ги земат предвид и тие позитивни елементи кои ги донесе дијалогот на високо ниво, но повторно ќе кажам, би било наивно да се верува дека сето тоа може да се случи, дека може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот за името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат“, рече Филе во интервјуто за Радио Слободна Европа.

euimeto

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 13:1011/07/2026 - 13:10

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Горан Наумовски08/07/2026 - 14:06

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Горан Наумовски07/07/2026 - 20:18

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Горан Наумовски07/07/2026 - 19:06

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:06

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Горан Наумовски21/06/2026 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто