Филе: Не пропуштајте ја шансата за преговори

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на својот официјален Твитер профил по одржаниот состанок вечерва на кој Македонија не доби датум за преговори, ја охрабри нашата земја да не ги пропушта шансите за преговори.

„Земјите членки на ЕУ до Скопје: вистинската и дофатлива перспектива за отворање на пристапни преговори не треба да се пропушти“ – напиша Филе.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, маратонскиот состанок на Советот за општи работи (ГАК), вечерва заврши со заклучок без датум и скрининг за нашата земја.

Според МИА, клучниот, петти параграф, претрпел сериозни измени и наместо датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година и снимање на поглавјата 23 и 24, министрите за надворешни работи и за европски прашања под притисок на Грција и делумно на Бугарија, на крајот го договориле следното:

„Со оглед на евентуалната одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство со Поранешната југословенска Република Македонија, Советот, врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на ЕК пролетта во 2013 година, ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН“, се наведува во заклучокот на ГАК, каде притоа се додава дека во оваа перспектива, Советот ќе го оцени извештајот во текот на следното претседателство со Унијата.

Понатаму се вели дека под услов оценувањето да биде позитивно, Комисијата ќе биде поканета од страна на Европскиот совет без одлагање да достави предлог за рамка за преговори со Република Македонија, во согласност со Европскиот совет во декември 2006 година и воспоставената практика.„ЕК ќе треба да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ на почетокот со поглавјата за судството и основните права и правда, слобода и безбедност.

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Орбан: Потребен е итен самит Русија-Европа за да се стави крај на војната во Украина

Орбан: Брисел ја користи војната за централизирање на власта и изградба на „европска империја“

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Трамп: Најголем договор досега

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски