Филе им предлага трилатерална средба на Попоски и Аврамопулос

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе испратил писмо до шефовите на дипломатиите  на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, во кое предложил нова рамка со која Европската комисијата би имала директен увид во процесот на преговори за името.

Филе, како што пренесува Дојче веле, предлага трилатерална средба, на која ќе присуствуваат Филе, Аврамопулос и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Еврокомесарот побарал од двете страни да назначат свои претставници, а за негов личен преставник го назначил директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино.

Целта на новата рамка е да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски