Филе го добил писмото на Груевски, но не сака да коментира што ќе стори со барањата

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, преку својата канцеларија потврди за МИА дека тој го добил писмото што вчера до него го испрати македонскиот премиер Никола Груевски, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, Филе го добил писмото од претседателот на Владата на Република Македонија, во кое Груевски му посочува на еврокомесарот за проширување дека заклучоците на ад-хок Комисијата за истрагa на собраниските настани од 24 декември 2012 година се донесени со цел да не запре евроинтегративниоt процес на македонската држава.

Иако Груевски од Филе побара во октомврискиот прогрес-извештај на Комисијата повторно да биде содржана препораката за отворање на преговорите за членство на Македонија во Унијата, како и барање лично од комесарот преговорите наскоро и да започнат, од канцеларијата на Филе не сакаат да кажат што тој ќе превземе во оваа насока.

– Во принцип, ние не коментираме за преписките што комесарот ги има со неговите партнери, ниту коментираме за писмата што тој ги добива од сите земји од неговото портфолио, го пренесува Стано ставот на комесарот за проширување на ЕУ.

Како што е познато, новиот извештај за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, Еврокомисијата ќе го издаде на 16-ти октомври. По успешното решавање на политичката криза во земјата и расчистувањето на ланските собраниски настани, се очекува да содржи нова, петта по ред препорака Македонија да ги почне пристапните преговори со Унијата. Сепак, поради постојаните блокади со злоупотреба на правото за вето при одлучување, Грција, а во последно време и Бугарија, спречуваа Европскиот совет да ги спроведе препораките на Комисијата и на јунските и декемвриските самити не даваше „зелено светло” за Македонија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Земјите од Западен Балкан да вложат напори за промовирање и да најдат решенија за регионалните и билатералните спорови

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Блумберг: Зеленски утре ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел

ЕУ носи голем план за домување, ќе се градат државни станови по прифатливи цени

Предраг Петровиќ

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски