Филе: ЕУ нема магично решение за спорот за името

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека е важно властите во Скопје да не веруваат дека решението за спорот за името лежи во креативноста на луѓето од Европската комисија или, пак, дека членовите на Советот ќе изнајдат магично решение.

Тој, во својот говор на вчерашната конференција за Западен Балкан „Пријатели на ЕУ“, истакна дека решение е можно само со отворена политика кон соседите, на пример Грција или Бугарија, јави радио „Слободна Европа“.

Филе истакна дека е среќен оти Грција направи важни чекори за напредок и дека меморандумот е добра основа за придвижување и се надева оти Скопје нема да ја пропушти таа шанса.

Еврокомсарот додаде дека одблиску ја следел комуникацијата меѓу македонските и бугарските власти при која се адресираат дел од отворените прашања меѓу двете земји кои спаѓаат во категоријата на добрососедските односи.

Филе смета дека со дијалогот на високо ниво, реформите во Македонија повторно се ставија на врвот на агендата.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија