Филе без коментар за откажувањето на Самитот на ПСЈИЕ, бара инклузивност

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не сакаше да го коментира откажувањето на Самитот на претседатели на држави и на влади од Југоисточна Европа во рамки на ПСЈИЕ, посочувајќи дека за него е најважна инклузивноста.

– Не би сакал да коментирам дали идејата е добра или лоша. Со оглед на информациите кои земји беа подготвени да дојдат, и немаше многу опции. За мене беше важно да се обезбеди министерскиот состанок да биде инклузивен, а организаторите успеаја во тоа, изјави Филе одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ПСЈИЕ денеска во Охрид.

Дискусијата на министерскиот состанок ја оцени како многу отворена.

– Најважно за мене е инклузивноста на состанокот. Тоа што сите седиме на иста маса вклучувајќи го и Косово како специјален гостин, додаде Филе.

Прашан за предлогот утре во Романија да се одржи самитот на Претседатели на ПСЈИЕ, еврокомесарот ја повтори инклузивноста.

– Ако се одржува каков и да е вид на самит кој е инклузивен, на кој ги има сите претставници од регионот, ние ќе го поддржиме. Би го поздравиле доколку Романија донесе инклузивност, рече Филе. 

На прашањето кои се отворени прашања на Балканот, тој гo посочи договорот меѓу Белград и Приштина и неговата имплементација.

– Нема да ви дадам листа на отворени прашања туку ќе ви кажам две работи. Политичкиот договор од 19 април меѓу Белград и Приштина и договорот за имплеметација покажува дека доколку има воља и заложба од политичарите и одредено посредство од страна на ЕУ големи прашања можат да се решат и можат да се постигнат големи решенија за помирување во регионот. Мојата порака денеска е ова да биде инспирација за сите лидери во Западен Балкан. Втората порака е дека 2013 треба да биде добра за проширувањето, изјави Филе.

Важен чекор, според него, е што Хрватска станува членка на ЕУ, и  се надева дека и други држави ќе добијат покана за почнување преговори.

– И покрај зборувањето за многуте потешкотии со кои се соочува ЕУ, Унијата е многу отворена за проширување, свесна е дека овие две политики задираат длабоко во однос на интеграцијата и зголемувањето на членките. Тие две политики ја оформуваат, односно и даваат структура на ЕУ од почетокот и ќе продолжат. Сега е до државите во регионот да испорачаат и да ја искористат оваа можност, нагласи еврокомесарот за проширување.

На новинарско прашање кој е поблиску до ЕУ, Македонија или Србија, рече дека одговорот ќе го дадат земјите членки во јуни.

За имплементацијата на мартовскиот договор, смета дека неговата побрза реализација ќе помогне земјите членки да постигнат консензус за почнување на преговорите.

– Мартовскиот договор е јасен, некои работи се имплементирани некои не, особено ад хок комисијата. Тоа веќе го истакнав во излагањето, колку е важно да се исполнат сите точки, рече Филе потсетувајќи дека до средината на јуни не останува уште многу време и оти треба да се преземат чекори.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он