Фетаи: Заканите ги добив лани на паркингот кај „Мавровка“

Од:

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи вели дека целосно останува на тоа што го рекла вчера во судницата за заканите кои ги добивала за „Титаник 3“, а кои ѝ ги пренел Мефаиљ Арслани, адвокатот на Ејуп Алими кој е обвинет во предметот.

„Во врска со ‘демантот’ на адвокатот Мефаиљ Арслани, во кој со прилично дискутабилен речник изнесува навреди спрема мене, наведувам дека јас во целост стојам на она што во текот на вчерашниот ден го кажав дека се случило. По барање на обвинителот Гаврил Бубевски, дадов и изјава за настанот за истиот да ја поткрепи пријавата која сака да ја поднесе. Таква иста изјава ќе дадам и пред јавниот обвинител кој ќе постапува по пријавата, доколку бидам повикана на сослушување. Впрочем за целиот настан има уште еден сведок кој ја дава истата изјава“, вели Фетаи.

Таа појасни дека настанот што се одвивал на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ во близина на местото каде што живее се случил во првата половина на ноември минатата година и вели дека доколку сакала медиумска покриеност, како што тврди адвокатот Арслани, ќе ги известела медиумите веднаш.

„Сепак, поради фактот што во тој момент не бев сигурна во каква психичка состојба (афект, очај и сл.) истиот ги кажува заканите, сметав дека не е потребно да реагирам за да не му нанесам ненадоместливи последици по неговата кариера. На истиот став беше и обвинителот Бубевски, кој од овие причини не поднесе пријава во тој момент. Сепак, имајќи го предвид целокоупното однесување на адвокатот по овој настан, обвинителот Бубевски оцени дека треба да го пријави настанот за кој дадов изјава. По докажување на кривичното дело за кое ќе биде поднесена кривична пријава и кривичната одговорност, како и целосно расчистување на случајот, секако дека против Мефаиљ Арслани ќе иницирам постапка за навредите и клеветите“, вели Фетаи.

Адвокатот Мефаиљ Арслани во реакција до јавноста пиша дека наводите што беа изнесени во судот од страна на обвинителката Фетаи се невистинити и побара јавно извинување. Демантира дека тој или неговиот клиент му се заканувале на обвинителот Гаврил Бубевски.

Вчера обвинителот Бубевски за „Макфакс“ рече дека ќе поднесе кривична пријава за заканите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Листата со тројцата кандидати за државен обвинител испратена во Владата

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Фатиме Фетаи се откажа од трката за шеф на скопското Вишо обвинителство, иако имаше најдобра оценка за нејзината работа

Кристијан Ландов