(ВИДЕО) Фетаи: За „Трансмет“ и „Силекс-неметали“ незаконска корист од 1 милијарда и 60 милиони денари

Од:

„Труст“ е новата истрага на СЈО, на која се работело подолго време.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вели дека со фалсификувана документација три лица, раководители во фирмите „Трансмет“,„Силекс-неметали“ и „Вато“, добиле тендер и ансекс со што се заработени незаконски 1 милијарда и 60 милиони денари.

Се работи за јавна набавка за ископување во Суводол, а договорот е склучен со „ЕЛЕМ“. Има три разговори во кои се открива дека имало незаконски дејствија, два од нив не биле објавени досега. Три лица свесно ги повредиле постапките за јавна набавка.

Доставена била невистинита документација за сопственоста на механизацијата и за состојбата во која се наоѓала механизацијата. Имало фактури и договори за наводно купена механизација и договори за лизинг.

Првоосомничениот од „Трансмет“ со ваква документација дека наводно ги исполнува условите ја доставил понудаат до „ЕЛЕМ“ и склучиле договор. Тројцата осомничени од трите фирми, рече Фетаи стекнале незаконски имотна корист од 1 милијарда и 60 милиони денари или 17 милиони и 275 илјади евра.

Осомничени се и трите правни лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски