По барање на Специјалното јавно обвинителство поради преземање на предметите од СЈО во ЈО, денешната расправа за случајот „Титаник 3“ беше одложена.
– Непријатна е ситуацијата во која дојдовме. По прв пат СЈО бара одлагање на судското рочиште. Познато ни е дека во тек е постапка за предавање на предметите до Јавното обвинителство. Со самото тоа предметот е во надлежност на републичкото обвинителство од каде треба да одлучат кој ќе го води предметот“, рече Фетаи.
На прашање на претседателката на Советот, Марија Клетничка која го води случајот дали одбраната ќе се произнесе за ова барање на СЈО, адвокатите на обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури се насмеаа на што обвинителката Фатиме Фетаи им одговори: „Не се смејте толку може пак јас ќе го водам предметот“.
Предметот „Титаник 3“ се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.