Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара притвор за обвинетите Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими во предметот „Титаник 2″, кои судот ги осуди на казни затвор од 3 и 4,6 години.
Мерката притвор е да се спречи опасноста од бегство, рече Фетаи.
За ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими, поради неговото однесување за време на судската постапка, во кое со потсмев говорел за штетата од 20 илјади денари во предметот, обвинителката Фетаи побара судот да му изрече построга мерка притвор.
Обвинителката на СЈО по изрекувањето на пресудата за предметот „Титаник 2″, побара обвинетиот Мендух Тачи да се јавува еднаш неделно во судот, поради опасност од бегство, имајќи предвид дека се однесувал коректно за време на судењето.
Фетаи истото го побара и за обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.
Претходно судот го осуди на три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими на казна затвор од 4 години и 6 месеци.
Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија на казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
Васко Маглешов