Фазлиу на состанок на Асоцијацијата на локални и регионални власти на земјите од Централна и Источна Европа и од Кина (16+1)

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, во Софија, учествуваше на 4-тиот работен состанок на Асоцијацијата на локални и регионални власти на земјите од Централна и Источна Европа и од Кина (16+1).

На состанокот беа разменети информации и искуства за соработката на локално ниво, како и за работниот план на активности за наредната година со клучните аспекти на кои што ќе биде фокусирана соработката.

Министерот Фазлиу оствари и билатерални состаноци со претставници од земјите учесници на кои што се разговараше за отпочнување на билатерална и на регионална соработка и преку реализација на конкретни проекти меѓу одделни региони со планските региони во Република Македонија во областитите за кои што во процес на консултации и разговори, страните ќе констатираат потреба и заеднички интерес.

Асоцијацијата на регионални и локални власти од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа, во рамките на Иницијативата 16+1, е формирана 2014 година, на првиот состанок во Прага, Република Чешка и во неа членуваат претставници од 15 региони од Кина и од 29 региони од земјите од Централна и Источна Европа.

Соработката во рамките на Иницијативата 16+1 е насочена во областите на инвестициите, транспортот, финансиите, науката, образованието и културата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кинески хуманоиден робот помина 100 км за 3 дена, постави светски рекорд

Кинески вооружени бродови влегоа во јапонски територијални води

Кинеските хакери користеле добро позната вештачка интелигенција за автоматизирање на сајбер нападите

Германија сака да биде центар за производство на лекови

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Пекинг: Притисокот врз Путин нема да доведе до решавање на украинската криза