Фазлиу: Мировниот корпус има голем придонес за зајакнувањето на пријателството и соработката

Од:

Мировниот корпус е присутен 22 години во Македонија со повеќе од 700 волонтери кои работеле во општини, училишта, невладини организации и дневни центри за деца со посебни потреби. Ова денеска го соопшти директорот на Мировниот корпус на САД во Македонија Марк Ханафин на првиот годишен форум на градоначалници по повод отворањето на повикот за аплицирање за волонтер во 2018 година.

На форумот, во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа, присуствуваа американскиот амбасадор Џес Бејли, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалници и претставници на општините.

– Во моментов има околу 100 волонтери кои живеат во Македонија. Поминуваат низ многу ригорозен тренинг и обука, учат македонски и албански јазик и работат во многу македонски градови и села. Секоја година добиваме по 50 нови волонтери кои живеат во Македонија по две години, рече Ханафин. Додаде дека волонтерите може да имаат од 21 до 67 години и се испраќаат најчесто надвор од Скопје, во рурални места.

Амбасадорот Бејли рече дека Мировниот корпус сака да го зголеми бројот на волонтери кои работат во општините. Волонтерите, како што рече, бараат да дојдат во Македонија за да им помогнат на локалните заедници и да реализираат проекти кои се потребни за граѓаните.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека САД се нашиот најголем политички сојузник и поддржувач. Република Македонија, како што рече, најголемиот дел од своите ресурси ги насочува кон градење на капацитетите за членство во НАТО и во ЕУ.

– Мировниот корпус е присутен во Република Македонија две децении и има голем придонес во зајакнувањето на пријателството и соработката. Од 2005 година волонтерите од САД во соработка со Министерството за локална самоуправа преку Програмата за развој на заедниците се во директна комуникација со локалната самоуправа и заеднички ги договараат активностите во општината. Досега свој придонес дале 736 волонтери кои престојувале во 43 општини. Седум директно во соработка со локалната администрација, рече Фазлиу.

Тој изрази надеж дека сите општини во Македонија ќе ја искористат оваа можност и ќе бидат домаќини на новините волонтери. Благодарение на волонтерите се организираат многу курсеви за изучување на англиски јазик, се реализираат голем број хуманитарни акции во директна соработка со граѓанскиот сектор.

На Министерството за локална самоуправа му беше доделена специјална награда во знак на успешна соработка со Мировниот корпус.

Би можело да ве интересира

Министерот за локална самоуправа Фазлиу на Конференција на НАЛАС-Градовите двигатели на развојот-Визија 2030

Регионален форум за консултација на граѓаните во Скопскиот плански регион 

Фазлиу на работен состанок во Брисел

Почна реализацијата на проектот за воспоставување на центри за услуги во сите 80 општини

Наум Локоски

Фазлиу: 2019-та ќе биде година на финансиска консолидација на општините

Наум Локоски

Фазлиу: Случајот со ангажирањето на вработени како експерти е пред мојот мандат, средствата беа вратени

Наум Локоски