Обвинителката Фатиме Фетаи пред да ги образложи деталите за предметот ТНТ, односно уривањето на „Космос“ кажа дека обвинителите добиваат секојдневни закани, но дека тоа нема да ги спречи да ја донесат правдата до секој што се огрешил пред законот.
– Поракта е до сите што ја подриваат работата на Специјалното обвинителство и се закануваат кон пропадниците на СЈО, семејствата и нивните пријатели.
– Им порачуваме, правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил од законот. Ве уверувам дека за ова обвинителство сите граѓани се еднакви, несебично ќе се бориме за правда, зашто цврство веруваме дека правдата е врвен интерес на Македонија, порача Фетаи.