Фатени двајца малолетници кои извршиле тeшки кражби во Штип

Од:

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, лишени се од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои на улицата „Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“ , сопственост на 65 годишниот М.Б.од Штип, информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

– Исто така, малолетниците се осомничени дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020 околу 17.30 часот од куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип, сопственост на 73 годишниот К.М.од Штип, од каде бил одземен златен накит и кривично дело „кражба“, извршена на 1 мај околу 18 часот од куќа на улицата „19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.од Штип, вели Панајотова.

Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му