Фатен скопјанецот кој фрли куче од мост во река, ќе се гони кривично

Од:

Фатен е скопјанецот кој фрли куче од мост во река, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 16.12.2021 на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(18) од с.Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор го признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Летово на социјалната мрежа ТикТок беше објавено видеото во кое мочето го измачува кучето фрлајќи го од мост.

Би можело да ве интересира

Појава на труење на кучиња во делчевско

А1он

ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Искра Манојлоска

„Водовод“ исклучуваше диви приклучоци на мрежата во Глумово, Шишево и Сарај

А1он

ВИДЕО: Герила акција на активистите за заштита на животните на собир со Шилегов и Марин

Габриела Димковиќ-Мишевска