Фатен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера, во 02.15 часот, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода 29-годишниот М.З. од Куманово. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа на улицата „Јоаким Крчоски“ во Скопје, при што одзел повеќе предмети, информира МВР.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопштува Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски