Фатен крадец на дело во Скопје, следува соодветна пријава

Од:

Вчера попладне, околу 16.30 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Битола, извести МВР.

– Тој бил затекнат при обид да одземе пари од каса на продажен објект. Парите му биле одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари