Фатен крадец кој оперирал во Мавровско

Од:

Деветнаесет годишен жител на селото Леуново заработи кривична пријава и притвор поради сомнеж дека е сторител на повеќе тешки кражби во викендички околу Мавровското Езеро.

Според СВР Тетово, притив Д.Ѓ поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби.

Пријавениот Д.Ѓ. се сомничи дека во периодот од октомври до декември оваа година, искористувајќи го отсуството на нивните сопственици, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода“. Пленот се состоел од технички апарати и пијалаци со што нанесол вкупна материјална штета што се проценува на 76.500 денари.

Викендов Д.Ѓ. е лишен од слобода и со соодветен поднесок предаден е на судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. Нему му е одредена мерка притвор од 8 дена, по што е предаден во КПУ „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Најголемиот дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на сопствениците.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци