Фатен дилер на хероин во Гостивар

Од:

Во акција на гостиварската полција вчера во Гостивар е откриен дилер на херион ставен во пакувања подготвени за употреба.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Кеј Вардар“.

Во домот бил затекнат и Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во панталоните. Во неа имало поголема зипер кеса, со 143 мали пакувања, за која првично е утврдено дека се работи за хероин.

Во координација со јавен обвинител, Ф.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Во текот на денов со соодветна пријава тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско