Факултетот за безбедност домаќин на регионална зимска школа за безбедност

Од:

Факултетот за безбедност-Скопје во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Битола е домаќин и организатор на третата по ред регионална зимска школа за безбедност.

– Годинава освен студенти од Македонија на школата учествуваат и студенти од Србија, Црна Гора и Хрватска кои интерактивно и низ практични примери се едуцираат и информираат за актуелните безбедносни политики во државите на Западен Балкан, истакна професор д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје.

Тој посочи дека ова е време во кое сите студенти треба да имаат добри познавања во сферата каде што студираат и затоа поканивме гости од Србија, Хрватска и Црна Гора. – На студентите им овозможуваме да се информираат за миграциите, за безбедносните закани во Европа и други теми. Во една од сесиите беа вклучени директорот на Агенцијата за разузнавање, како и помошник на директорот во МВР кои презентираа практични информации и сознанија за практични постапувања со што им се овозможуваат нови знаења со практиките во безбедносните институции, истакна Дујовски.

Според професорот Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград, важно е академските институции интензивно да соработуваат во оваа сфера, дури и да се надмине меѓудржавната соработка на Балканот.

– Помладите ги учиме и информираме за повеќе безбедносни теми. И тие треба да знаат дека во наредниот период потребно е дополнително релаксирање на сите врски на Западен Балкан, и да се решат според нас два клучни и најголеми проблеми кои ги има во овој момент, а тоа е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, и решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција кој трае 2,5 децении. Со решавање на овие проблеми мислам дека ќе се забрза процесот на евроинтегрирање на државите од Регионот, посочи професорот Ѓукановиќ.

Регионалната зимска школа за безбедност е поддржана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и нејзината сестринска Фондација Вилфред Мартенс – Центар за европски студии од Брисел.

-Трета година ја поддржуваме оваа иницијатива во која се вклучуваат универзитети од регионот, и која почна со академска размена на професори од Македонија и Грција, а сега веќе прерасна во голема регионална иницијатива на која се собираат професори од сверата на безбедносните науки кои разменуваат искуства за актуелните безбедносни предизвици од регионот. Меѓународната регионална школа воедно претставува одлична можност за соработка меѓу младите, нагласи Даниела Поповска, програмски менаџер во Фондација „Конрад Аденауер“.

Во рамки на регионалната школа за безбедност, утре во Битола ќе биде промовирана книгата „Безбедносни политики и концепти“ од авторот доцент д-р Марјан Ѓуровски.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска