Facebook страна за совети за здрава бременост

Од:

Министерството за здравство креираше нова Facebook страна за медицински консултации и совети за здрава бременост.

Facebook страната е активна од вчера, а почнувајќи од денес по еден доктор-гинеколог на дневна основа ќе одговара на прашања кои ќе бидат поставувани во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења со идните родители.

Во периодот после 19 часот денеска на сите прашања ќе одговора д-р Марија Хаџи Лега, директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а во следните денови и д-р Весна Ливринова, д-р Горан Кочоски, д-р Ана Данева, д-р Иво Ќаев, д-р Роса Спасова, д-р Катерина Маџункова, д-р Ирена Тодоровска, д-р Корнелија Трајкова, д-р Миле Тантуровски, д-р Арта Бина и д-р Габриела Бушиновска.

Прашањата се поставуваат во коментар или во приватна порака на Facebook страната, а одговорот се добива во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на јавноста.

Со ваквиот начин на комуникација, истакнува Министерството за здравство, се овозможува директно и непосредно споделување на стручни медицински совети со идните родители, со цел заштита на здравјето на мајката и детето.

Оттаму информираат дека меѓу првите совети споделени на Facebook страната е советот за правилно и потполно пополнување на Мајчината книшка, која бремената жена ја носи со себе на прегледите и во која редовно треба да се впишуваат наодите од сите гинеколошки прегледи.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции