(ВИДЕО) Левица: Ниту една бремена жена да не добие отказ

Од:

Законот за работните односи ја уредува положбата на работничката за време на бременост и отсуство од работа поради бременост, при што истиот претпоставува еднаква положба и уживање на еднакви права за сите работнички без разлика на видот на работниот однос, стои во соопштението на Левица.

„Дополнително, Законoт за спречување и заштита од дискриминација забранува каква било дискриминација врз основа на бременост во процесот на вработување и за време на работниот однос. Но во пракса се случува нешто различно. Пред околу еден месец, поради непродолжување на договорот за вработување, бремена жена го загуби своето бебе поради стрес, заради тоа што не и бил продолжен договорот за вработување на неопределено време и остана без работа.

Ова не е изолиран случај и укажува на потреба од измени на Законот за работните односи, особено во делот што го регулира статусот на бремените работнички со договор на определено време. И поради тоа Левица во собранието доставува законски измени Во Законот за работните односи во член 46 по ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи: „Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост по доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.“ Претходно Левица поднесе измени во ЗРО, кои предвидуваа целосно укинување на договорите за вработување на определено време, кои за жал не наидоа на поддршка од владејачкото мнозинство, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна