Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Од:

Две малолетни лица се спасени од водите на Охридското Езеро со интервенција на службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Интервенцијата на полицијата следувала утрово, откако претходно во 9:30 часот било пријавено дека во водите на езерото кај плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на Кајак-клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

По добиената пријава, полициските службеници од Езерската полиција со чамец се упатиле кон посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од брегот, биле забележани двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување.

Тие со полициски чамец биле префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски