Евзони се уште затворен, магла на Ѓавато

Од:

Граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци се уште е затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени.

Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека на патиштата низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато.

Воздушниот сообраќај се одвива нормално и утринава на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски