ЕВРОТИНК, ИДСЦС и Еко-свест за Извештајот на ЕК: Потребна вклученост на граѓанско општество во преговорите, но и зајакната борба против корупцијата

Од:

С.Македонија позитивно се издвојува од останатите земји од Западен Балкан според извештајот на Европската комисија. Сепак, потребно е Собранието да ја преземе улогата на клучна институција за политички дијалог, граѓанско општество да се вклучи во пристапни преговори, но и да се зајакнат капацитетите на целокупниот систем за борба против корупција.

Ова се наведува во документот на насловен како „Kоментар на ЕВРОТИНК, ИДСЦС и Еко-свест: Што кажува извештајот на Европската комисија и што треба да направиме?”, каде ги изразуваат ставовите и препораките во поглед на извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година.

Во извештајот се наведува дека најголем напредок државата бележи во исполнувањето на реформите посочени од Советот во заклучоците од јуни 2018. Извештајот бележи позитивен исчекор на Собранието, особено во делот на конструктивен политички дијалог и исполнување на законодавната функција.

Сепак, главен фокус на Собранието треба да биде преземање на улога на клучна институција за политички дијалог, за сметка на лидерските средби, како и зајакнување на надзорната функција над извршната власт.

Дополнително, посочуваат, потребна е поголемата отвореност и вклучување на јавноста во својата работа, како и подобрување на квалитетот на работата на постојаните комисии и стручната дебата на пратениците. Покрај улогата на Собранието, во коментарот наведуваат дека клучен и долгогодишен партнер на Европската Унија и државата во интегративните процеси е и граѓанското општество.
Во однос на правосудството и борба против корупцијата, Комисијата има констатирано дека корупцијата останува широко распространета и претставува пречка за натамошен развој на државата, односно демократијата и економијата.

Според трите невладини организации важно е итно зајакнување на капацитетите на целокупниот систем за борба против корупција, инвестирање во ДКСК, Јавното обвинителство и истражните центри, судството, како и активна улога на Собранието, но и силна политичка посветеност кај сите чинители.

-Во наредниот период потребно е институциите да работат фокусирано на најранливите области и на случаи кои покрај вклученост на функционери, предизвикуваат и најголеми штети и предизвикуваат несигурност во правдата и институциите, се наведува во документот.

Што се однесува до Зелениот договор, извештајот ја наведува потребата за попосветена и синхронизирана акција од страна на надлежните институции во заштитата на животната средина. Проблемите со аерозагадувањето, уништувањето на водните текови и природата и нерегулираното постапување со отпадот се само неколку од горливите проблеми во ова поглавје, кое и покрај неговата голема важност, континуирано не го добива потребното внимание и финансиска поткрепа.

Во коментарот се наведува дека фокусот на среден и долг рок треба да се стави на праведната транзиција на регионите зависни од јаглен, декарбонизација во сите сектори, дигитализација на системот и градење на економија во склад со природата, базирана на екосистемски услуги. Во таа смисла, посочуваат дека инвестициите во циркуларната економија, алтернативната енергија и одржливиот рурален развој и земјоделието, се неопходни за постигнување на овие цели.

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Еко-свест: Со гасниот конектор наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Еко-свест бара итно формирање на Фондот за животна средина

Ана Ололовска

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја

А1он

Еко-свест: Општините мора активно да се вклучат во ублажување на климатските промени

Ана Ололовска