А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Евростат: Во полошкиот и скопскиот зголемен, во источниот и пелагонискиот регион намален наталитет

by А1он07/10/2013 - 15:37219
Share0

Според денеска објавената регионална годишна книга за 2013 година на Европската канцеларија за статистика (Евростат), во скопскиот регион се раѓаат по 5,3 повеќе лица во однос на починати, а во плус и тоа за 3,5 лица е и полошкиот регион од Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, презентирани се регионалните статистики во широк опфат на полиња, прикажувајќи подетална и поразлична слика на Европската унија и земјите-кандидати од податоците на национално ниво. Главен податок е за соодносот на бројот на родени и починати лица во одреден регион, при што покрај 28-те земји-членки на Унијата, се опфатени и земјите на Европската зона за слободна трговија (ЕФТА) и земјите-кандидати како Македонија, Црна Гора и Турција.

Во оваа анализа се влезени и Источниот и Пелагонискиот регион на Република Македонија, при што во овие два региона има драстично намалување на наталитетот. Според Евростат, во Источниот регион умираат дури 3,4 лица повеќе во однос на родените, додека во Пелагонискиот соодносот е 2,8 повеќе умрени од родени. Убедливо најголема позитивна стапка на наталитет има во турскиот регион Билечик, каде има 110 повеќе родени од починати. А, во Турција е и највисоката негативна стапка, па во регионот Тунчели има дури 79,6 повеќе починати од родени лица.

evrostatmortalitetnatalitet

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Горан Наумовски10/04/2025 - 21:06

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Горан Наумовски21/02/2025 - 22:07

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи

Горан Наумовски14/06/2024 - 12:20

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ

Горан Наумовски06/05/2024 - 10:27

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Катерина Ѓуровски28/02/2024 - 12:28

Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

A1on13/12/2023 - 09:5013/12/2023 - 13:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен