Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

Од:

Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе. Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат.

Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.

Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови.

Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1.

Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија